Sunday, July 22, 2007

Прва македонска театарска продукција на канадска сцена

Драги пријатели,
Задоволство ни е да ве поканиме на премиерата на нашата најнова театарска продукција “ММЕ Кој прв почна?” – една од најуспешните македонски современи драми. Ова е прв македонски текст кој се поставува на канадска сцена, на англиски јазик, како дел од престижниот театарски фестивал Summerworks.
Напишана од Дејан Дуковски, “ММЕ Кој прв почна?” е контроверзна драма за војната, мртвите богови, паднатите ангели и љубовта.
Секој актер се трансформира во седум различни ликови, откривајќи ги седумте дела на човечката душа.
Седум круга, седум лика, седум начини да се убие љубовта.
Играат: Ива Зенделска и Дејвид ДеГроу, во режија на Андреј Трајковски.

Претставите се играат во: Factory Theatre Mainspace, 125 Bathurst Street, Toronto. (кликнете за мапа)

Дата и час на изведбите:

Четврток, 2-ри август во 21:30 часот.
Сабота, 4-ти август во 15:30 часот.
Понеделник, 6-ти август во 18:30 часот.
Четврток, 9-ти август во 17:00 часот.
Сабота, 11-ти август во 20:00 часот.
Недела, 12-ти август во 14:00 часот.

Ве молиме бидете на време. Претставата трае 1 час.

Билетите може да се купат по цена од 10$ еден час пред почетокот на претставата на касата на Factory Theatre, или on-line по цена од 12$ на ToTix.ca (кликнете тука).

Ве очекуваме со нетрпение. Уживајте во претставата!

Fallen Angel Theatre
http://www.fallenangeltheatre.ca/
fallenangeltheatre@rogers.com
416.505.0186

Tuesday, May 29, 2007

вести од македонија


вести од канада


прилог од македонија

Како македонците го поминуваат слободното време. Специјално за Macedonian Guide, од Скопје, Синиша Јаков Марушиќ.

Снимањето на прилогот е поддржано од Македонскиот Институт за Медиуми и Македонски Институт за Трајни Заедници, а е финансиран од USAID.
Оставете го вашето мислење на оваа тема во нашиот форум.

репортажа за македонија

Прв дел од документарниот филм на Discovery Channel - The Macedonians.
Еден од најдобрите историски документи за Античка Македонија.

знаеш дека си македонец кога...

- Ако жена ти не готви секој ден, не е домаќинка.
- Имаш бар неколку илјади кеш под перница. За секој случај!
- Твоите јадат лути пиперки како чоколада.
- Куќата мора да се помине со правосмукалка бар 10 пати неделно.
- Ако по вечер “ во град” си се вратил доцна дома, мајка ти ќе ти влезе во соба во 8 сабајле да помине со правосмукалка и ќе ти рече дека треба да станеш, зошто веќе е ручек-време!
- Половина од дворот ти е “бавча”.
- Уште од улица мириса на манџа!
- Ѕидовите ти се полни со икони. И слика на Гоце Делчев.
- Во фрижидер секогаш имаш сланина.
- Мајка ти има цела аптека дома и знае да ги излечи сите болести.
- Твоите мислат дека се е заговор.
- Ако плачеш, татко ти те удира уште повеќе.
- Мајка ти и татко ти бар неколку пати ти се издрале пред сите твои другари и бар еднаш се испокарале меѓу себе пред нивните пријатели.
- Кога сите те прашуваат колку пари си добил за свадба.
- Што подолго живееш до твоите, тоа поарно! Ќе заштедиш повеќе!
- Дедо ти “удира” по чашка ракија за доручек.
- Иако си женско, мајка ти и татко ти те викаат “СИНЕ”.

- Мајка ти упорно вика да не седиш на промаја.
- Пиеш кафе само за да може да ти “гледаат” на филџанот.
- Користиш ракија како:
1. “иљач” за сите болести,
2. за прослава на сите важни настани,
3. лосион за масажа.
- Славиш Божиќ, Велигден и Нова Година две недели после сите останати.
- Баба ти не може да свати дека не си гладен.
- Твоите ти викаат дека си “никој” ако не дипломираш.
- Одиш кај баба ти, која изнесува супа, сарма, пиперки, салата и слатко и е многу лута ако не изедеш СЕ.
- Ако си навивач на било кој фудбалски тим во кој игра Дарко Панчев.
- Ако мајка ти од нежност те вика “стока”.

бисери од К-15


музички спот

Една од најубавите македонски балади.
Владо Јаневски - Ако не те сакам...

настани и случувања

Ова е простор во кој ќе објавуваме информации за настани и случувања поврзани со македонската заедница во Торонто и околината.Доколку имате настан кој сакате да го најавите или споделите со нашите гледачи (забава, свадба, роденден, крштевка...), обратете се на нашите контакти.
За рекламирање на Macedonian Guide - кликнете овде.